Италијанскиот гигант доживеа многу во последниот период. Го променија сопственикот, беа исфрлени од УЕФА, но на крајот сепак сето тоа некако се исправи и со неколку засилувања направија респектабилен состав за наредната сезона.
Новиот спортски директот работи со полна пареа на нови засилувања, а до сега во Милано пристигнаа Гонзало Игуаин и Матија Калдара од Јувентус. Mладиот дефанзивец ќе треба да го замени Бонучи кој се врати во Јувентус по една сезона во редовите на “росоњерите”, додека пак Игуаин за миланезите ќе значи конечно силно засилување во нападот.
Во клубот пристигна и некогашната голема надеж, Ален Халиловиќ, кој многу ветуваше, но најтешкиот пат за докажување токму сега е пред него.
Во Италија се пишува и за можна смена на тренерот на клупата, па така жешкиот стол од Гатузо би можел да го преземе Антонио Конте, кој неодамна доби отказ во Челзи.
Со Милан се поврзува и најдобриот играч на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ или популарниот СМС.