На 67-та седница на Советот на Општина Прилеп беа усвоени програмите за работа на основните училишта во Општина Прилеп за учебната 2025/2026 година, како и годишните извештаи за учебната 2024/2025 година.
Исто така, советниците ги усвоија тримесечните извештаи за финансиското работење на ЈП за ПУП-Прилеп, ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“ – Прилеп и на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп за периодот од 01.04.2025 година до 30.06.2025 година.
Едногласно беа усвоени и:
– одлуката за работа на воспитни групи со поголем број деца во ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп, во објектите: „Бончејца“, „Мирче Ацев“, „Тризла“, „Гоце Делчев“, групи во други просторни услови во ООУ „Рампо Левката“, во објект во состав на Работничкиот универзитет „Пере Тошев“ и во објектот „Бајка“,
– одлуката за давање согласност за работа на воспитни групи со помал број деца во објектите во други просторни услови во ООУ „Круме Волнароски“ – с. Беровци,
– како и одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп.
На крајот од седницата беше усвоена и одлуката за прифаќање на донација во висина од 30 илјади евра во стоматолошка опрема од невладината организација „Hand Till Hand“ – Шведска. Опремата ќе биде наменета за стоматолошките амбуланти во склоп на неколку основни училишта.