Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство.
Надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка обезбеди наредби за претрес на повеќе локации во Скопје и други градови. Како што претходно објави КУРИР, МВР рано утринава прави претрес на повеќе локации во Скопје, Битола, Неготино, Дојран, Гевгелија.
Меѓу осомничените има и службени лица и еден странски државјанин. Претресите се спроведуваат од припадници на МВР, а за натамошниот тек на постапката и за конкретните дејствија за кои постојат сомненија дека ги сторило секое од инволвираните лица, обвинителството ќе информира по нивното завршување.
Според информациите до кои дојде КУРИР, се сузбива криминална група која криумчарела и фалсифукувала скапи возила кои биле украдени во ЕУ, а се возат во Македонија.