Нова гигантска компанија ќе вложува во Србија: Додека регионот забрзано се развива, Македонија стои во место

Компанијата “MTU Aero Engines AG” ќе инвестира во Србија, а членот на Управниот одбор на оваа компанија, Михаел Шрајег, најавува долгорочна соработка која ќе се мери во децении.

“Два месеци ја разгледувавме оваа можност. Горди сме што доаѓаме во Србија”, вели членот на Управниот одбор на оваа компанија Михаел Шрајег.

Според неговите згорови, оваа компанија е меѓу првите пет компании за производство на мотори во светот.

“Нам ни се потребни овие капацитети. Претходните години нашите услуги во одржувањето растеа околу 20% годишно, додека просекот во авио-индустријата растеше за 7% во остатокот на светот. Ние сме компанија која прави планови на долг рок. Му реков на претседателот Вучиќ дека ние сме дојдени овде да работиме барем 50 години”, рече Шрајег.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.