Старата афepa повторно го тресе фудбалскиот свет! Славните фудбалски имиња Луис Фиго и Пеп Гвардиола се наоѓаат во центарот на ckaндалот во кој се тврди дека биле во љубовна романса.
Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго на крајот на минатиот век настапуваше за Барселона, а во тоа време дресот на Каталонците го носеше и еден од најдобрите тренери на денешницата, Пеп Гвардиола.
Тие двајца во тоа време биле многу блиски, дури во еден период биле и цимери, па тогаш се појави сомнеж дека се во емотивна врска.
“Гвардиола е мој голем пријател. Многу ми помогна. Беше и мој цимер, но ништо повеќе. Јас сакам жени”, изјави Фиго.
Португалецот е оженет и во идеален брак со шведската манекенка Хелен Сведин со која имаат три деца.