Со головите на Иве Трифуновски и Јасин Казимоски, новајлијата во Втората лига, ФК Новаци, ја совлада Победа во пријателски натпревар кој се одигра на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп.
Победа поведе со голот на младинецот Давид Дебрешлиоски, кој донесе рано водство за прилепчани, но тимот предводен од поранешниот тренер на победашите, Дарко Крстески, успеа да направи подвиг и да им одржи лекција на црвено-белите.
Ова беше прв подготвителен натпревар за Победа пред стартот на сезоната во Втората фудбалска лига. Следниот натпревар прилепчани го играат во Струга против Караорман за три дена.