Новата опција на Фејсбук не им се допадна на корисниците

Биометриските технологии се составен дел од паметните телефони и ни овозможуваат да го провериме нашиот идентитет побрзо, полесно и побезбедно.

Потрошувачите главно користат сензори за отпечатоци, но технологиите за препознавање на лицето стануваат популарни. Фејсбук исто така е заинтересиран за вакви иновации и започна со тестирање со нова функција. Компанијата сака да создаде систем за најава во социјалната мрежа, кој користи софтвер за скенирање на лицата на корисниците.

Фејсбук експериментира со концептот секој од нас да прави селфи видео кое изгледа во различни насоки. На овој начин, алгоритмите за препознавање на лицето на Фејсбук ќе можат да направат подобра 3Д копија на уникатните карактеристики на лицето на секој корисник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.