Новата министерка за надворешни на Косово одзема здив (Фото)

Мелиза Харадинај – Стубла е министерката за надворешни работи на Косово. Таа е дел од Алијансата за иднината на Косово (АИК), а порано била советничка на поранешниот премиер Рамуш Харадинај.

Таа ги има завршено студиите на американскиот Универзитет во Косово, на насоката Јавна политика. Постдипломските студии, Харадинај ги завршила на отсекот дипломатија на Универзитетот во Оксфорд, преку стипендија доделена од британската влада.

По завршување на студиите, таа се врати на Косово по што беше избрана како советничка во приштинската општина од 2009 до 2013, а потоа го формираше Институтот за дипломатија на Косово, организација за унапредување на државниот интерес на Косово.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.