Од појавата на моделот 2008, поминаа 3 години и дојде време за првиот редизајн.
Стилските промени во споредба со верзијата од 2013 година се минимални. Дизајнерите ги преобликувале предната маска и во нејзината средина го сместиле амблемот на брендот.
Автомобилот доби нова додатна заштита на долните изложени делови на каросеријата.
Освежениот Пежо 2008 ќе биде достапен во 5 бензин и 6 дизел варијанти. Сите бензин мотори се троцилиндарски, со зафатнина од 1.2 литри. Потрошувачката на бензин верзијата е 4,4 литри/100км.
За дизел опцијата одбрани се 1.6 литарски мотори, кои се стандардно поврзани со петтостепениот мануелен мењач. На овој модел потрошувачката му е 3,6 литри/100км.
Пежо 2008 за 2016, опремен е со систем за автоматско кочење при возење во град со мала брзина, доколку процени дека ударот во друг автомобил е неизбежен
Рестилизираниот Пежо 2008 својата премиера ќе ја има на саем во Женева на први март, а во продажба се очекува во првата половина на годината.
Александар Георгиоски