Повеќекратниот светски првак во снукер, „Ракетата“ Рони О’Саливан забележа дека постои голема сличност меѓу српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и актерот Роберт де Ниро во младоста.
Тој на Твитер објави фотографија од холивудската ѕвезда и напиша: „Младиот Де Ниро е ист како Новак Ѓоковиќ!“
Инаку, Де Ниро е голем обожавател на Ѓоковиќ. Во 2007 година на УС Опен, кога Новак го освои својот прв гренд слем трофеј, Де Ниро навиваше за српскиот тенисер и тоа од неговата ложа.