НЛО И ЕКСПЕРИМЕНТИ: Објавени се тајни американски документи

Vanzemaljci-696x418

CIA во средата декласифицира повеќе од 13 милиони страници, документи кои до пред некој ден на себе го имале знакот “доверливо”.

Документите се пуштени во јавност по големите притисоци и низата на тужби против CIA. Како што извести BBC, објавените страници содржат брифинзи, иситражувачки работи, сведоштва за средби со неидентификувани летечки објекти и резултати на експерименти над некои личности.

На страта на CIA од денес има повеќе од 800.000 нови декласифицирани документи на 13 милиони страници.

Меѓу документите се наоѓаат информации за Хенри Кисинџер кој бил министер за внатрешни работи на САД за време на Ричард Никсон и Џералд Форд. Исто така, меѓу документите има голем дел на научни истражувања.

 

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.