Времето утре во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во северозападните делови од земјава (15 л/мк2). Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец кој во текот на денот ќе го смени правецот во северен.
Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од осум до 14 степени.
Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а од понеделник дневната температура на воздухот повторно ќе биде во пораст.