Од денеска следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност, а во текот на следниот период ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој најмногу ќе биде изразен долж Повардарието и во источните предели од држвава, анализира метеорологот Славчо Поповски.
Во текот на денешниот и следните денови максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.
Периодот на стабилното, суво и топло време ќе го продолжи плажирањето на оние кои се љубители на истото, па затоа уживајте во прекрасните денови кои не очекуваат овие денови