Ни претстојат горештини, но сепак не за долго – Еве какво ќе биде времето до крајот на месецот

Стабилното и сончево време кое од утрово го имаме низ цела Македонија е најава за крај на врнежливиот период, но не за долго.
Веќе од идната недела, според сегашните услови, дождот повторно се враќа а се очекува и намалување на температурите.

Од денеска па се до крајот на оваа недела не чекаат високи температури кои во одредени делови на земјава ќе надминат и 35 степени. Најтопло се очекува да биде во петок додека веќе од сабота се најавува можна дестабилизација и услови за врнежи од дожд.

Тоа ќе ги намали температурите за неколку степени па од почетокот на идната недела се очекуваат максимални под 30 степени со услови за врнежи од дожд особено во понеделник.

Долгорочните прогнози кои треба да се земаат со одредена доза на резерва, велат дека цел јули ќе имаме променливо време. Според истите овие претпоставки, идниот месец, особено во втората негова половина повторно ќе имаме повремени врнежи проследени со грмежи но и температури кои ќе бидат под просекот, односно, не повисоки од триесетина степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.