Чистиот воздух, прекрасната природа, убавото Крушевско езеро, се примамливи во сите годишни времиња, а особено сега во овие тешки и депресивни времиња за сите.
Нема ништо поубаво од неделна прошетка низ крушевската корија и секогаш неодминливото крушевско езеро.
Можеби е мало, но во себе крие еден куп убавини. Околу ова езеро се родиле голем број љубовни приказни, прекрасно е за излет со семејството и претставува мал рај за децата.