Само неколку месеци по пуштањето во употреба, демолирани дел од реквизитите во инклузивното детско игралиште, кое се наоѓа во “Паркот на револуцијата” во Прилеп.
Игралиштето се реализираше преку програмата „Форуми во заедницата“, каде што Советот на Општина Прилеп и учесниците на форумот, заеднички одлучија приоритетен предлог проектот да биде „Изградба на инлузивно детско игралиште“ во општина Прилеп.
Но, иако игралиштето е главно наменето за подобар психо-физички развој на децата со попреченост, истото се користи од сите, ама ај што се користи од сите, па го користат и многу повозрасни деца.
Секоја чест на поединци од комуналците, кои често се ставаат во непријатна состојба да им објаснуваат на родители и го чуваат игралиштето, но не секој и од вработените чувари во “Комуналец” премногу се грижи дали ќе се уништи некој реквизит.
Резултат на негрижата е токму ова…. испокршени и нефункционални дел од реквизитите, во единственото вакво игралиште во Прилеп…
Што мислите, дали бил кој странец после ова ќе ни даде повторно пари да направиме нешто слично во иднина?!