После минатомесечниот масакр во францускиот град Ница, кога во терористички напад, радикален исламист со камион влета во толпа и усмрти 84, а рани повеќе од 100 луѓе, градот на француската обала е претворен во цветна градина, каде секојдневно се оддава помен за загинатите.
Ова се ексклузивни фотографии од секојдневието во Ница. Плачот сеуште се слуша од семејствата на загинатите и сите минувачи, кои секој ден положуваат цвеќе и палат свеќи на местото каде се случи овој грозоморен чин.
15 јули 2016 година, ќе биде запомнет како црн облак во француската историја, ден кога радикализмот и тероризмот пповторно го покажаа своето темно лице, одземајќи невини животи.
Фотографиите се направени денес, од читател кој сакаше да ги сподели со нас страотните спомени кои ги остава глобалната закана што го тресе светот, а тоа е радикалниот тероризам и фундаментализам.
Терористичкиот напад во Ница е втор голем удар врз француската државност, после минатогодишниот напад во Париз, каде загинаа 130 луѓе.