Ниту корона не ги спречува: За некои прилепчани потреба е изолација засекогаш (Фото)

И во време на криза, несовесни граѓани кризираат низ градов.Утринава дупки осамнаа на местата каде минатата година беа засадени зимзелени украсни растенија во населбата Точила. По Дабнички канал пак, состојбата е очајна. Искршени се дрвајата кои минатата недела комуналците ги засадија со цел да се формира зелен појас околку критичниот Дабнички канал.

И додека комуналците се на врвот на задачата да одржуваат редовна хигиена низ градов, да вршат дезинфекција на критичните места по однос на управувањето со отпадот, но и во време на пандемија да создаваат зелени површини и да засадуваат млади садници, совеста на одредени прилепчани никако да проработи.

Разочарани од постапките на граѓаните, комуналците и понатаму ќе се борат против оваа со години немила појава, и на места на искршените и откорнатите дрвја и украсни растенија ќе засадат нови. Сепак, останува прашањето дали и во време на пандемија, дали и во вакво време невреме кое се заканува на целиот свет, толку сме храбри и некултурни за да уништуваме општи добра, кои пред се користат за здравјето на луѓето, го подобруваат амбинеталниот воздух и служат за чиста животна средина за која се залагаме сите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.