Кетрин О Нил, поранешна вработена во Стејт департментот, во гостувањето во поткастот на Тим Пул, истакна дека македонски висок функционер за време на поранешната администрација на Трамп, молел властите во САД да не ја рушат Владата на тогашниот македонски премиер Никола Груевски.
„Ве молам, ве молам, запрете ја вашата влада во обидот да ја урне нашата“. Ова се зборовите на Ѓорчев, изјави О’Нил, Македонецот што го цитира поранешната вработена во Стеј департментот. Тогашната администрација на Трамп ги саботирала сите обиди да се спречат ваквите активности на владините агенции.
О Нил тогаш работела во надзорот над владините агенции, меѓу кои и УСАИД. Таа прво рече дека не може да се сети на името на човекот кој ја претставувал македонската влада, но потоа го покажа на слика од сајтот на Собранието и го прочита неговото име.
Ѓорчев тогаш им укажувал на претставниците на Стејт департментот дека со пари на УСАИД се руши легитимно и демократски избраната Влада во Македонија. Година подоцна откако Ѓорчев бил во Америка, власта во Македонија беше променета, иако ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови на парламентарните избори во декември 2016 година.
Само неколку месеци по изборот на новата Влада, на чело со Зоран Заев како премиер, падна и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во најголем број од општините во државата, вклучувајќи го и Прилеп. Овој бран на “промени” кој се темелеше на прислушкувани и монтирани разговори, потпомогнат со милиони странски пари, како и сомнежи за лажирани изборни резултати, масовен поткуп и притисоци…. донесе уназадување на Прилеп, чии резултати се се’ уште видливи.
За потсетување во таа локална битка во 2017 во Прилеп, се соочија Марјан Ристески, човек кој 12 години го предводеше Прилеп кон развој и во чиее владеење градот доживеа ренесанса, и Илија Јованоски од СДСМ, во чие владеење градот беше уназаден за едно 20години.
Ристески иако освои 21.000 гласови, ништо не можеше да ја сопре тогашната машинерија на инженеринг на СДСМ, од чие владеење на локално и државно ниво, последиците допрва се’ уште ги чувствуваме.