Важи ли правичната застапеност, на која се повикуваат поединци (ама само тогаш – кога им одговара), за вработувања во гостиварската општа болница? – прашува пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.
Таа објави список на вработени лица, доктори, на неопределено време. Меѓу нив нема ниту еден Македонец.
Погледнете убаво и уверете се дали и како се спроведуваат во Гостивар балансерот и Бадинтерот“ – вели таа со објавата на списокот.