Владата пред неколку дена ја усвои Информацијата за реализација на Проектот за изнајмување на седум монтажни спортски лизгалишта и ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да ги обезбеди потребните средства за реализација на проектот во висина од 14.000.000 денари, во рамките на сопствениот Буџет за 2019 година.
Со оваа одлука на Владата, им се препорачува на општините Охрид, Битола, Куманово, Струмица, Центар, Гостивар и Тетово да изберат и предложат до Агенцијата за млади и спорт локација како и да обезбедат одобрение за поставување на урбана опрема, односно монтирање на лизгалиште, најдоцна до 1 ноември 2019 година.