Никoлоcки: Отсега 1 500 денapи за paботен pyчек на министep и 1 000 денapи за заменик миниcтep

Вицепремиерот за борба со корупцијата Љупчо Николовски денеска изјави дека со владината одлука за користење на финансиските средства за угостителски услуги, еден работен ручек на министер ќе може да изнесува најмногу 1.500 денари, а на заменик министер 1.000 денари.

– 1.500 денари ќе може да потроши министер за работен ручек, а 1.000 денари заменик министер. Мора да има писмена резервација за работниот ручек со потврда и писмена информација за бројот на поканети лица, природата и целта на состанокот. Воспоставена е целосна постапка од писмена резервација до извештај зошто е закажан ручекот. Сериозно се ограничени привилегиите и се зголемува транспарентноста. Граѓаните ќе знаат на каков работен ручек бил одреден министер, рече Николовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.