ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево ги известува сите членови, симпатизери и граѓани на највисокиот град на Балканот, дека во петок (12.09.), со почеток од 19.30ч. во Конгресната сала на хотел Монтана, ќе биде промовиран кандидатот за градоначалник на партијата и советничката листа.
Нико Чонески е изборот на владеачката партија, човек од еснафот, почитуван и трудољубив стопанственик кој ветува нов развој на Крушево.
Др.Александра Мијајлевска Стефановска, председател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево, ќе биде носител на советничката листа на престојните локални избори.
-Со особена чест и задоволство Ве покануваме на свечената промоција на кандидатот за градоначалник на општина Крушево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Нико Чонески. Ова е момент кога започнуваме нова страница за иднината на нашата општина – страница исполнета со визија, проекти и решенија за подобро, поразвиено и модерно Крушево – стои во поканата од ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево.