“Никој од таа смена не го малтретирал”: Членка на “родителскиот совет” ја открива позадината позади мacaкрот

Мина Зиројевиќ, член на Советот на родители во ОУ „Владислав Рибникар“ рече дека на седниците на Советот на родители никогаш не се разговарало за ученикот, кој уби осум ученици и обезбедувањето на ова училиште.

– Како што дознавме од останатите ученици кои го познавале момчето, неговото однесување не било такво што би укажувало на оваа трагедија. Се забележувало дека е компетитивен, а од време на време се имал вербални караници со останатите ученици кои биле подобри од него на часовите. Ништо посебно, вели таа.

– Сега се зборува дека тоа е причината и дека никој не го малтретирал од таа смена, рекол Зиројевиќ, пренесува Танјуг.

Таа истакна дека децата од ова училиште сега се во страв, дека се загрижени за состојбата на повредените ученици и дека за нив судирот со реалноста бил кога се појавиле некролозите од нивните другари.

„Ги поделија меѓу себе, сакаа да одат на погреб, некои родители се согласија, повеќето не. Не знам како ќе продолжат, некои деца видоа крв, некои видоа некој што падна“, рече Зиројевиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.