Младиот поморски инженер од Индија кој го добил своето име по Садам Хусеин, а изборот го направил неговиот дедо, сега има многу голем проблем- никој не го вработува.
Садам го завршил факултетот пред две години, имал одлични оцени, но поради името не може да најде работа по струка.
“Се плашат да ме вработат. Разговарав со луѓето од одделението за човечки ресурси во неколку компании и тие ми велат дека името е проблем и може да предизвика сомнежи.“- вели 25-годишниот Хусеин.
Како што велат експертите, проблемот на Садам е што има струка која бара многу да се патува, а името би можело да спушти многу рампи на различни аеродроми.
“Можно е често да се заглавува поради додатни проверки, па компанијата да мора да го вади од незгодни ситуации“- пренесуваат од Би- Би- Си.
Хусеин го направи првиот чекор, го промени името во Саџид, но старото име и понатаму стои на дипломата и сертификатите, што им паѓа во очи на работодавачите.