Никој не очекуваше дека во Велес ќе се вее бугарското знаме – Мики Секулоски откри што се случило на концертот од Цеца

И на Балканот ништо ново… не стивнуваат реакциите по големиот гаф што го направи познатата фолк-пејачка на концертот во Македонија.

Кралицата на балканската фолк-музика, Светлана Цеца Ражнатовиќ, концертот во Македонија ќе го памти засекогаш.

Имено, таа на 31 октомври одржа концерт во спортската сала Гемиџии во Велес кога заради еден непромислен чекор што го направи на сцената, и веруваме, ненамерно, следуваше вистинско фијаско.

Имено, Цеца во еден момент доби бугарско знаме од публиката кое го бакна, a потоа и го префрли преку рамениците.

Овој гаф што пејачката го направи во Велес предизвика негодување кај самата публика, но и бурни реакции на социјалните мрежи.

Цеца веднаш се извини, но…

По концертот се огласи и Цеца, која истакна дека знамето го добила од фанови од публиката и дека сакала само да ги испочитува, без намера никого да навреди, а најмалку публиката во Македонија.

И како што самата вели во своето обраќање, не и е прв пат да истакнува знаме на сцената, без никаква намера некого да повреди.

„Тоа е моја публика, мој народ, мои луѓе. Нас не поврзува љубовта кон песната, без разлика кој од каде доаѓа“, изјави таа по концертот.

Со слична изјава се огласи и Мики Секуловски, кој беше со неа на сцената кога пејачката испровоцира многумина со бугарското знаме.

Од снимките што испливаа на социјалните мрежи, може јасно да се види дека тој во прв момент се фати за главата кога виде што се случува, а потоа се обидуваше да ја смири публиката во салата.

И како што самиот вели, Мики најпрво не видел дека станува збор за знаме, туку мислел дека е некоја порака за Цеца од нејзините фанови. Но кога публиката почнала да реагира, Мики сфатил каква „глупост“ направиле, па веднаш и го земал знамето на Цеца и го отстранил, но како што самиот вели, штетата веќе беше направена.

Мики во ова свое обраќање и се извини на публиката, но и потенцираше дека Цеца не знаела за проблемот што Македонија го има со Бугарија, бидејќи во спротивно, најверојатно поинаку ќе реагирала.
Таа ме погледна збунето, не знаеше ни што се случува. Но штетата веќе беше направена“, вели Мики во видеото.

„Можеби требаше јас порано да изреагирам, но навистина не забележав дека се работи за бугарско знаме… Навистина жално, навистина штета што се случи оваа случка, никој не очекуваше дека, во мојот град, во Македонија, ќе се вее бугарското знаме, никој не го помисли тоа“, вели Мики.

Навистина ми е жал, требаше да биде прекрасен концерт, и беше додека не се случи оваа.. несреќна случка“, изјави пејачот.

Обраќањето на Мики погледнете го во продолжение, но погледнете и дел од реакциите под истото на социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.