“МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА….” од петни жили извикуваа прилепчани и вечерва, горејќи им го срцето помислата дека државата ќе им ја продадат за власт.
Свеста кај граѓаните за можното губење на државноста и државните симболи, јазикот, химната, знамето, грбот, е на високо ниво.
Тоа го покажува огромниот одзив секоја вечер пред споменикот “Прилепски бранители”, oд каде зачекоруваат илјадници црвено-жолти вљубеници во својата татковина.
Така беше и оваа вечер, кога повторно грмеше и татнеше Прилеп од патриотски извици и патриотски песни, а декор повторно беше македонското сонце и црвено-жолтата боја.
Пред граѓаните се обратија и децата бегалци од Егејот, нивни сограѓани, кои упатија жестоки пораки до Трифун Костоски, за неговото излагање своите права да ги бараат во Грција. Претставниците од Егејските здруженија вечерва беа и предводници на маршот “За заедничка Македонија во Прилеп.
Силни пораки упатија и македонистите и лингвистите, а говореше и родител, татко на четири деца кој е загрижен за иднината на своите четири чеда.