Maкедонскиот шоумен Игор Џамбазов синоќа во Прилеп го прослави својот 59-ти роденден.
Џамбазов кој е водител на 18-то издание на “Пиво Фест”, имаше и маестрален настап со својот бенд, а доби и прекрасно изнeнaдување од градоначалникот на општина Прилеп, кој на сцената му даде подарок и роденденска торта.
За време на својот настап рече: “Никој немал олку гости на својот роденден”, а потоа се заблагодари и на ФБ каде напиша:
“Кога имав 39 години, го гледав Мик Џегер на 59, како растура со своите Стоунси. Си викав: “А бе кого лажат овие, кај е можно ова?” Денес, јас на 59, се уште свирам со својот бенд. Додуша, седам на шанк столче додека пеам, а другар ми @mickjagger , скока по сцената ко да има 19. Ој животе, песно недосвирена… Благодарам Прилеп, сполај ти Македонијо”.