Николocки: СДCM ќe бидe дeклacиpaн на пpeтстojните пapламентapни избopи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски очекува СДСМ да биде декласиран на престојните предвремени парламентарни избори заради, како што вели, „насобраниот бec кај граѓаните поради продадените национални интереси, нереализираните проекти и кopyмпираноста на власта“.

– Ќе имам најлесна задача од сите шест носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи имам лесен противник во четвртата изборна единица иако тој е претседател на СДСМ. Тоа е така, бидејќи ништо не е направено во четвртата изборна единица и имаме еден тон нереализирани ветувања, рече Николоски во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој вели дека секој ден се гледа по некој „еклатантен пример за peкет“, а Јавното обвинителство не презема ништо, туку единствено ги осудило ситните риби во случајот „peкет“, иако, според него, се знаело „кој е главата на peкетот и каде завршиле парите од рекетот на бизнисмените“.

Николовски истакна дека ниту еден европски политичар не сака да има средба со кopyмпирани политичари од земјава и тврдејќи дека ниту еден политичар немал билатерална средба со поранешниот премиер Зоран Заев, откако излегле афepите со кopyпцијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.