Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, деновиве објавува cкандали поврзани со контpoвepзни бизниси во кои е вклучен и премиерот Зоран Заев.
Вечерва тој ќе открие детали за тоа, но ќе зборува и за други теми.
-Гледајте ме од 19:00 часот во вестите на Сител. Ќе зборуваме за 200 милионското уништување на Тетово кое го овозможуваат СДСМ и ДУИ за контроверзен бизнисмен, состојбата со откупот на грозјето како и поскапувањето на струјата, состојбите во Собранието и Владата и нашите следни активности. Гледајте, напиша тој на Фејсбук.