На 24ти април и 8ми мај ќе победи чесна и намачена Македонија – порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, откако денеска беше официјално објавено дека тој ќе биде носител на изборната листа на партијата во изборната единица 4.
-Ќе победиме заедно со секој еден од вас што е против криминалот и корупцијата, што сака средена држава и силна економија !
Ја имам честа да сум НОСИТЕЛ на листата на ВМРО-ДПМНЕ за ЧЕТВРТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА! Ќе победиме со најдобар резултат во историјата на демократските избори во Македонија! Ќе бидам секој ден со вас, со младите и старите, со земјоделците, работниците, пензионерите, малите и средни претприемачи, професорите и студентите! Победуваме – напиша Николоски.