Николоски си стои на зборот: Првата делница од автопатот Охрид-Кичево се пушта во употреба вечерва

Од вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево-Охрид.

По тој повод вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трaјановски, денеска извршија увид во изградбата на оваа делница.

Констатирано беше дека изградбата на автопатот се одвива според договорената динамика и покрај бројните проблеми во минатото.

Градбата на автопатот Охрид- Кичево беше во целосен застој во време на СДСМ и ДУИ, цели 7 години не се работеше ништо. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт почна да се работи со полна динамика и се очекува до крајот на 2026 целиот автопат Охрид- Кичево да се пушти во функција, велат од Министерство за транспорт.

Делницата Подмоље – Охрид беше затворена за сообраќај според одобрен времен режим се со цел да се комплетира нејзината изградба. Во меѓувреме сообраќајот се одвиваше со стариот регионален пат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.