На народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Богданци се обрати вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-Минатата година благодарение на вашата поддршка се случија промените. Минатата година ставивме крај на темното криминално владеење на Владата на СДСМ и ДУИ, а оваа година е редно времевтука во Богданци да се случат промените, затоа што се повеќе од потребни, вие тоа го гледате секој ден, гледаме дека на најлош можен начин се менаџира општината. Има еден феномен кој што веројатно не може да се најде втора општина во која што може да се каже, а тоа е за жал основното образование она што е основа за нашите деца, за нашите идни генерации, тука се одвива во отежнати услови, услови кои што не се соодветни за настава за децата. Градоначалникот на свој криминален начин решил да го реконструира училиштето и сега училиштето има кров кој што прашање е на денови или недели кога ќе се сруши, рече Николоски.
Тој потенцираше дека децата мора да одат во рамки на гимназијата во втора смена и на тој начин да одржуваат настава.
-Вакви примери можам да бројам уште десетици како што се раскопаните улици, не реализираните проекти. За високи политики гледам ги бива, гледам гости од Хрватска, гледам од други места а да ги решат основните проблеми со образованието, во инфраструктурата, еве не ги бива, Мислам дека ова е основната причина поради која што ни е потребна масовна референдумска излезност на 19 октомври, за веќе од 20 октомври да можат да се решаваат овие проблеми, рече Николоски.