Пуштен во употреба експресниот пат Куманово (Страцин) – Крива Паланка на Коридор 8
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на експресниот пат Куманово (Страцин) – Крива Паланка, дел од Коридор 8. Изградбата на оваа сообраќајна инфраструктура започна во мај 2018 година, а патот има должина од 25,55 километри.
Со ова, се исполнуваат ветувањата на минситерот Александар Никколоски. Да се потсетиме што изјави пред неколку месеци.
Според информациите од Владата, вкупната инвестиција за изградбата на овој експресен пат изнесува 93,7 милиони евра. Од нив, 80,20 милиони евра се обезбедени преку Светска банка, додека 13,50 милиони евра се грант средства.
Министер за транспорт и врски и вицепремиер Александар Николоски оцени дека овој патен правец е витална артерија за поврзување со Бугарија и посака да се развиваат нови индустриски капацитети и да заживее источниот дел од државата
-Историски ден за Источна Македонија!Го отвораме експресниот пат Куманово (Страцин) – Крива Паланка.
Изминатите 6 месеци како нова власт интензивно работевме да се заврши овој проект којшто ќе значи поврзување на истокот со Скопје како и главна артеријата за поврзување со Бугарија.
Ја градиме Македонија!, напиша Николоски на социјалните медиуми.