Министерот за транспорт Александар Николовски вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека двата големи мобилни оператори ги зголемиле цените на услугите откако побарал од нив да направат намалување.
– Побарав, и ги зголемија. Еве гледам воведоа нови пакети од 5.100 денари. Се посериозно размислуваме за распишување на тендерот за нов мобилен оператор. Ова што го гледаме е ограбување на народот и тие не се натпреваруваат меѓу себе. Дури има згради каде што можете да добиете кабелска телевизија само од еден оператор. Знам дека тие не се среќни и сакаат да ме компромитираат, но сметките сите ги гледаат, рече Николоски.
Тој ги искритикува големите мобилни оператори дека не се општествено одговорни и дека наместо да ги даваат донациите за реални потреби, финансираат промотивни настани како концерти.
– Од Охрид за Скопје на пола пат нема мрежа, еве јавете се ќе видите, додаде Николоски и кажа дека нема рок до кога ќе се распише повикот за трет голем мобилен оператор. Тој рече дека ќе се даде време да се јави интерес и кај уште некоја страна а не само кај унгарскиот 4ИГ.