Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се огласи на Фејсбук по скандалот со прислушувањето на новинари и актуелниот премиер Христијан Мицкоски во период од 2019-2024 година.
Николоски вели дека одговорност и процесуирање на одговорните за злоупотреба на тајните служби како предуслов за демократија во Македонија!
-Во опозиционите денови искажувавме сомнежи дека сме следени од тајните служби кои беа злоупотребувани од власта на СДСМ и ДУИ, а со нив и Стево Пендаровски.
Имавме сомнеж дека Агенцијата за разузнавање пишува клеветнички лажни извештаи до западните партнери и сојузници, а АНБ следела и прислушувала.
Тоа беше начин за политичка дискредитација кој не им успеа! Промените се случија на минатогодишните избори, а со тоа и патот кон расчистување во тајните служби и одговорност за оние кои ги злоупотребуваа!
Повикувам, Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани. Доста е од злоупотреби на тајните служби!!!, пишува Николоски на Фејсбук.