Николоски најави чистка: По изборите ќе се занимаваме со криминалците во судството и обвинителството

Предвремени избори нема да има, ние имаме стабилна коалициона влада која што одлично функционира. Мандатот на оваа Влада е до 2028 година и следните избори ќе бидат во 2028 година, изјави денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на евентуалнио предвремени парламентарни избори вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Тоа е всушност разликата помеѓу нас и црната Коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица која што е од другата страна. Ние зборуваме за проекти, а од другата страна има само празни зборови, има само манипулација, жед и желба за власт.Минатата година отидоа во опозиција само година и три месеци се во опозиција и неможат да додржат да останат во опозиција и цело време предвремени избори, предвремени избори, предвремени избори…, истакна Николоски

Николоски за после локалните избори најави расчистување во судството и обвинителството, и одговорност од сите кои ја злоупотребиле власта.

-Кога некој толку време бара предвремени избори, тоа значи дека него го интересира привилегите од власта, а овие ги интересира и криминалот од власта. После локалните избори ние нема да се занимаваме со предвремени избори, туку ќе се занимаваме со расчистување во судството и обвинителството и сите оние кои што ја злоупотребија власта од Коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, таканаречената „црна коалиција“ ќе одговараат после завршувањето на овие избори, затоа што тоа е фокус број еден после завршувањето на изборите, рече висепремиерот Николоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.