Во моментов активно се градат четири нови автопати, а во постапка е јавен повик за изградба на уште еден, што значи дека ќе имаме отворен фронт за изградба на пет нови автопати, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за Радио Лидер.
Тоа е сериозна мобилизација на ресурси и уште поважно зголемување на капацитетот на администрацијата за која е сериозн предизвик реализацијата на овие крупни капитални проекти, потеницира вицепремиерот.
“Се гради Охрид -Кичево, се гради Гостивар -Букојчани, се гради Гостивар -Тетово и се грaди Прилеп-Битола, а најавувам дека во моментов имамe отворен повик и ќе се гради спојката меѓу двата автопати Букојачни – Кичево, значи ќе имаме изградба на пет автопати што е сериозна мобилизација на ресури, луѓе, машини и што е поважно покажуваме капацитет на администрацијата. Дополнително реализиравме два големи проекти кои што ги пуштивме во јануари, тоа е експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, експресниот пат Прилеп – Градско прва фаза и плус желеницата Куманово-Букојчани. Во моемнтов се гради Дреново -Фариш втората фаза на експресниот пат, ќе го пуштиме на почетокот на јуни, се гради Охрид -Св. Наум ќе го пуштиме на крај на мај и се гради Богданци – Гевгелија исто така ќе го пуштиме во тек на јуни, така што има еден огроман фронт за изградба на патишта. Паралелно ја градиме железницата Бељаковце – Крива Паланка” – изјави вицепремиерот Николоски.
Во однос на изгрaдбата на автопатите на Коридор 8 и 10 д, вицепремиерот Николоски истакна дека за десетина месеци оваа Влада експроприрала пет пати повеќе парцели отколку претходната во две години.
“Кога лани ние бевме избрани во јуни месец од вкупниот број на парцели што требаше да се експроприраат, беа експроприрани околу 500, а ние во перидот од јуни до април во рок од 10 месеци експроприравме околу 2500. Тоа што претходната влада го направила за две години, ние помножено со пет го направивме за десет месеци и во моментов во Македонија како во нидна балканска земја има отворен фронт за работа на четири автопати кои што се градат паралелно”– истакна вицепремиерот Александар Николоски.