„Апсолутно мислам дека работите ќе се поместуваат дека доколку за четири години од следните избори Македонија е попристојно место за живеење со подобри услови тогаш секако дека се направил напредок“, заклучи Николоски.
„Треба да сме фер со луѓето, она што можеме да го ветиме е стабилност и сериозност. На Македонија и требаат стабилни, а не шарлатани и требаат искусни луѓе, а не деца кои не знаат кај се и како со државата. Тоа ние го имаме, имаме тим на луѓе и секако подготвуваме програма која ќе одговара на реалноста во Македонија, една таква поставеност и посветеност со силна битка со криминалот, кревање на економијата и заштита на македонските национални интереси, што покажавме и од опозиција дека можеме да направиме, камо ли од власт. Мислам дека ова за четири години ќе ја однесат Македонија во пристојни услови за живот“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во „30 секунди“ за порталот „Експрес.мк“.
Николоски продолжи и додаде дека она што ВМРО-ДПМНЕ може да го вети е стабилност за Македонија.
„Апсолутно мислам дека работите ќе се поместуваат дека доколку за четири години од следните избори Македонија е попристојно место за живеење со подобри услови тогаш секако дека се направил напредок“, заклучи Николоски.
Запрашан за тоа кој ќе биде претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателот Николоски истакна дека за претседател се уште се нема одлучено и согласно интерните процедури тој ќе го одберат на конвенција.
„Тоа е една интересна пракса воведена уште од формирањето на партијата, многу личи на оној американски систем на избор на кандидати за претседател во рамки на политичките партии. Значи цело наше членство бира делегати, тие делегати се собираат на конвенција, па гласаат за еден од предложените кандидати. Кандидатите ги посетуваат сите наши општински комитети и се презентираат, значи водат една класична внатрепартиска кампања“, истакна Николоски.
Николоски заклучи дека не е дискусија дали ќе победи ВМРО-ДПМНЕ туку колку ќе победи ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори.