Николоски изнесе голем криминал на ДУИ: Обвинителството ќе го истражи криминалот на автопатот Скопје – Блаце

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски, во интервју за „Алсат“ рече дека поранешниот прв човек на претпријатието „Државни патишта“, кадар на ДУИ, во соработка со други владини структури, преку проектот за автопатот Скопје-Блаце „сакал само да има материјална корист“.

Тој вели дека трасата на оваа делница била менувана трипати, поради што се променила и цената.

„Компанијата „Суец“ го известила Јавното претпријатие за дека проектот со тунелите е промашен и начинот на кој се проектирани тунелите не може да се реализира во пракса бидејќи е спротивно на европските стандарди и ЕУ нема да го прифати овој пат како автопат“, вели Николоски, најавувајќи дека Обвинителството ќе го истражи наводниот криминал во изведбата на оваа автопатска делница.

На оваа тема Николоски зборуваше и во четвртокот на седницата наменета за пратенички прашања, каде посочи дека моменталниот проект за автопат започнува нигде и завршува нигде, односно дека планираната траса завршува со дол од 50 метри длабочина.

“Имајќи предвид дека за овој проект, обезбеден е кредит од Европската банка за обнова и развој, тоа се институции кои што работат сериозно, и на барање на Европска банка за обнова и развој, покрај што има проектант, покрај што има надзор, има и техничка поддршка, и за техничка поддршка е избрана, ни помалце, ни повеќе, според мене најдобрата европска компанија, тоа е СУЕС. Се вика СУЕС затоа што го има проектирано и изградено Суецкиот Канал. Вака за да имаат слика и пратениците и јавноста. СУЕС на 31. Мај му праќа писмо на Ејуп Рустеми, вашиот член, кое што господинот Рустеми го крие, во кое што во точка 4, трошоци за проектот, вели дека затоа што два пати го менувал проектот, а подоцна ќе сфатат сите зошто го менувал проектот, трошоците растат од 172,1 милион евра на 240 милиони евра. Еве го документот. Ова е документ кој што прв пат излегува во јавност. Извинете ама јас криминал на Ејуп Рустеми нема да реализирам. 70 милиони евра плус да платат македонските граѓани, со можност од Анекс до 20%, затоа реков до 300 може да оди, јас тоа нема да го дозволам”, истакна Николоски.

Тој на собраниската говорница ги објави документите и како што истакна во кои се потврдува дека проектот намерно се одолговлекувал и се спроведувал на овој начин се со цел една фирма да го добие тендерот за изградба на тунелите.

“Ова е докумет кој што прв пат излегува во јавност. СУЕЦ на 31 мај му праќа писмо на Ејуп Рустеми – вашиот член, кое што Рустеми го крие и каде што во точка 4 – Трошоци за проектот се вели дека два пати го менувал проектот и трошоците растат од 172 на 240 милиони евра. Извинтете ама јас криминал на Ејуп Рустеми нема да реализирам. 70 милиони евра плус да се потрошат на македонските граѓани и со 20 % од анексот и затоа реков до 300 милиони евра ќе оди овој проект, јас тоа нема да го дозволам. Второ, нов документ од СУЕС, на 17.09.2024 испратено до новиот директор Коце Трајановски. Во точка 1 –Услови на рефернеца за проектирање се вели дека намерно тунелите се погрешно проектирани и не се проектирани согласно европските стандарди. Кога би имало тендер кој би го распишал Ејуп Рустеми, само една компанија може да го добие и да гради такви тунели. Извините, ниту јас, ниту Премиерот ниту Коце, ниту ЕБРД не се наивни да финансираат криминал. Знаете зошто вака тунелите се проектирани, затоа што само една компанија може вака да го добие проектот. И не зборувам јас, туку зборува СУЕС најголемата компанија која го градела Суецкиот канал”– истакна министерот Николоски.

Министерот Николоски објави дека компаниите Јубај 2 Амет, Фрукта Фрута, Кадис Холдинг и Атлантик Дооел се фирмите кои ги купувале плацевите од физички лица каде требало да поминува трасата на автопатот, притоа плацевите биле препродавани неколку пати.

“Никогаш не е направена јавна презентација на 3-те траси што е законска обврска. Средствата за автопатот за прв пат се одобрени 2019, потврдени 2020 година. Зошто не е објавен теднер во 2021, за да може да се продаваат парцелите и да се намести тендерот само една компанија да го добие и само таа компанија да гради тунели”– рече министерот Николоски.

Во однос на поврзувањето и дизајнот на автопатот тој додаде:

“Сакам и ќе се изгради автопатско решение од Скопје до Блаце. До сега автопатско решение нема. Има два километри кои започнуваат никаде и завршуваат никаде. Претпоставувам знаете кога патувате од Приштина кон Скопје знаете дека тие 2 километри не се поврзуваат со постојаниот автопат од другата страна на границата. Добро прашање е како ќе се поврземе кога никаде не се спојуваат, а овие 2 километри започнуваат од граница со Косово кон Скопје и започнуваат никаде, а завршуваат исто никаде бидејќи завршуваат во една дупка од 50 метри” – истакна министерот Николоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.