Николоски: Злоупотребата на тајните служби во извештај на Совет на Европа

Месециве наназад Европа повторно ја тресат скандали поврзани со злоупотреба на тајни служби, нелегално следење и прислушување. Изгледаше како тоа време да е позади нас но со развојот на технологијата како повторно да се враќа и засилува. Ако книгата “1984” на Орвел во одреден период изгледаше како надминат страв пред се заради силната контрола и добрата законска регулатива, во последниов период силите кои сакаат да ги злоупотребат службите повторно наоѓаат начин. Од тоа имун не е ни Македонија. Во Македонија службите се постојано злоупотребувани и нема власт која не е опиена од моќта на службите, по правило таа опиеност води до пропаст на секоја власт. Актуелната Влада на СДСМ и ДУИ иако имаше златна шанса еднаш за секогаш да стави крај на злоупотребите, особено имајќи предвид како дојде на власт сепак отиде можеби и најдалеку во злоупотребата. Така раководството на ВМРО ДПМНЕ е под постојано незаконско следење и физичко и електронско, пишува во својата колумна за Фокус потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Имајќи ги предвид овие загрижувачки појави Советот на Европа преку својата Комисија за правни прашања и човекови права одржана сесија посветена на злоупотребата на системот за нелегално следење “Пегасуз”. На сесијата беа поканети жртви на незаконското следење од Шпанија, Полска и Грција, како резултат на тоа на пленарната сесија во Јануари ќе се усвои извештај со препораки од кој дел ќе бидат и македонските злоупотреби.

Збор два за „Пегазус“, тој претставува разузнавачки софтвер развиен и промовиран од израелската компанија НСО Груп, тој може прикриено да се инсталира на мобилни телефони кои работат на повеќето верзии на ИОС и Андроид. Најпрвата верзија на Пегазус, која што беше откриена од производителите во 2016 навлезе во телефоните преку таканареченото spear phishing , текстуални пораки или емеилови кои можат да ја намамат целта да кликне на лажен линк. Доколку ниту со едно таканаречено spear-phishing или пак со zero attack не успеале, “Пегазуз” сепак може да биде инсталиран преку безжичен трансресивер поставен во близина на таргетираниот телефон, или со физички пристап до уредот.

Откако еднаш ќе се инсталира на телефон, забележано е дека Пегазуз може да работи и да прави произволен код, да извлекува контакти, листа на повици, пораки, фотографии, веб пребарувања, подесувања, како и да прибира информации од апликации вклучително и апликација за комуникација како IMessage, Gmail, Viber, Facebook, WhatsApp, Telegram и Skype. Може прикриено да го направи мобилниот да е уред за 24 часовно надгледување и следење бидејќи добива целосен пристап до сите информации од телефонот. Може да чита пораки или да праќа и прима пораки за кои се претпоставува дека се криптирани, може да зачувува слики, да слуша и снима звучни или видео разговори. Има целосен пристап до камерата на телефонот, микрофонот и локацијата. Всушност прислушувачите може да знаат повеќе од сопственикот на телефонот.

Во 2020 години список со повеќе од 50000 телефонски броеви за кои се претпоставува дека припаѓале на индивидуалци како „личности од интерес“ за клиентите на НСО Груп беше протечен до “Амнести Интернешнл” и непрофитната организација „Забранети Приказни“ од Париз, потенцијално користен против борци за човековите права, политички противници, адвокати, дипломати, шефови на држави и речиси 200 новинари од 24 земји.

Случајот со оваа европска злоупотреба треба да е уште еден сигнал за темелна реформа во македонските служби која може да се случи само по предвремени парламентарни избори затоа што оваа власт целосно го изгуби својот кредибилитет за било каква реформа, пишува Николоски во колумната.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.