Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на АЛФА ТВ коментирајќи за тоа што навивачката група Шверцери за јубилејот на фубалскиот клуб Шкупи го оштети инвертарот во Македонскиот Народен Театар вели дека ако не реагирале тие како ВМРО-ДПМНЕ ова немало да постои во јавноста и дека власта знаела дека ќе има навивачка група во МНТ.
–Заев и мегафоните на Заев велеа дека не знаеле дека ќе има навивачка група во МНТ, дека тоа било друга прослава и дека овие ептен случајно биле таму. Прво, полициjaта била добро информирана за овој настан и во петок биле распоредени 150 припадници на ЕБР и 30 припадници на „Алфа“. Тие биле распоредени во близина на театарот, очекувајќи да се случуваат инциденти – вели Николоски.
Тој прашува дека ако не знаеле дека ќе има ваков настан, зошто од МВР распоредиле 150 специјалци од ЕБР и 30 припадници на алфите? Тие биле од другата страна на театарот несакајќи да бидат забележани. Второто прашање е кога почнале инцидентите внатре, зашто не влегле да реагираат?, посочува Николоски.