Стево Пендаровски – човек кој два пати изгуби Претседателски избори, вториот пат со историски најголема разлика, после 10 месеци реши да се појави во јавност и да го напаѓа Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката на САД и Претседателот Трамп – му порача министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски, на екс претседателот Пендаровски.
Фејсбук статусот на Николоски во целост го пренесуваме во продолжение:
“Пендаровски кој иако вети не се откажа од доживотна пензија на грб на граѓаните, го напаѓа Претседателот на нашиот стратешки партнер број 1. Арогантно дели „ум“ на светски лидери, а сам себе не се гледа.
Човекот кој масовно ја злоупотребуваше Агенцијата за разузнавање со наредба да фабрикувааат извештаи за нас од ВМРО-ДПМНЕ дека сме „проруски“, „антизападни“, „антиамерикански“, за мене слушам напишале дека сум претставник на „иранско – турско – унгарско влијание“ и пуштаа гавази да ги молат стратешките партнери пола од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ да завршат на црна листа за така да се спасат од пораз, истиот тој сега е најантизападен и најантиамерикански.
Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија и дружи се со пријателите од Агенција за разузнавање додека можеш!“, објави Вицепремиер Александар Николоски, на својот фејсбук профил.