Николоски екcклyзивно во eмиcиjaта “Стадион”: Владата ќе падне, помалите партии го напуштaaт 3aeв

„Мора час поскоро да се стави крај на целата оваа работа и јас сум среќен што македонскиот народ го крева гласот. Имаме ерупција од реакции овие денови. И мислам дека таа ерупција и енергија ќе се канализира правилно и дека ќе дојде до оставка на Владата на Заев“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при своето јавување во „Стадион“ на Канал 77.

Николоски додаде дека веднаш по завршувањето на 100-те дена од избори на Влада ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе до Собранието прашање на доверба на Владата каде што очекува да се изгласа недоверба на оваа Влада.

„Постојат одредени пратеници кои што се од Коалицијата на СДСМ, но не од албанскиот блок туку условно кажано од македонскиот блок од помалите политички партии, кои што од самиот почеток беа незадоволни од функционирањето на Владата. А, по ова што го имаме како сознание еве тука ексклузивно за Канал 77 после последното интервју на Заев и случувањата поврзани со Бугарија тој процес е интензивиран и неколку помали политички партии, неколку пратеници комуницираат помеѓу себе и размислуваат доколку веднаш не се стави крај на овие анационални политики да ја напуштат Владата. А, со тоа Владата ќе падне“, рече Николоски.

Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се обедини со Алијанса и Алтернатива во борба против организираниот криминал и корупција, затоа што корупција и криминал има насекаде во Македонија поради Заев и неговата екипа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.