„Да кажам нешто што можеби не е познато во јавноста, Ковачесвки спомена дека не може да даде мислење за Џафери затоа што не е сигурен дали е тој или не е тој. Еве јас да му кажам на Ковачевски дека е тој. И тоа затоа што јас бев внатре во салата кога Џафери ги изнесе тие пцости и тие погрдни зборови кон вработените во Собранието“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Николоски додаде дека тој лично бил во тој момент во салата во Собранието кога Џафери ги кажал тие погадни зборови на вработените.
„Јас лично бев внатре така што ако сака еве потврда нека ми се јави мене, јас ќе му потврдам дека јас бев внатре и јас со свои уши слушнав како тоа го кажа Џафери“, нагласи Николоски.
Николоски посочи дека снимката одеше на официјалниот собраниски канал. Значи тоа не е дека нешто таму некој снимал, туку на официјалниот собраниски канал се емитуваше.
„Денес побаравме да се испита деловната способност затоа што мислиме дека неколку инциденти водат кон тоа, а барањето на оставка е најмалата работа која што можеме да ја побараме“, рече Николоски.