Ноистелот за ИЕ4 на ВРМО-ДПМНЕ, Александар Николоски, го повика Заев на ТВ дуел да ги спротивстават програмите и концептите за граѓаните јасно да можат да направат разлика.
– Денеска сме во посета на Дојран, стар и нов Дојран, понатаму Валандово, Богданци, околните населени места, ќе одиме во Удово, Пирава, ќе одиме во Стојаково и во останатите населени места од овој регион да поразговараме со луѓето за она што се нивни потреби, нивни маки. Но, во исто време да ја презентираме и програмата проект Обнова на Македонија. За овде можам да кажам дека има огромен потенцијал за развој на туризмот, кој што за жал не се развива во изминатиот период и треба многу да направиме, пред се во делот на субвенционирање на оние кои што се занимаваат со туризам, се со цел да можат да дадат подобри услуги кои што ќе можат да привлечат поголем број на туристи, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ4.
-Исто така формирање на бренд Македонија, или бренд Macedonia кој што треба да ја брендира нашата држава, со цел што повеќе туристи да доаѓаат. Знаете дека имаше едни претходни времиња во кој што туризмот силно растеше, а за жал во овие години туризмот стагнира. Понатаму, издвојување на секторот туризам, од министерството за економија и спојување со министерството за култура, со што би се формирало ново министерство кое што би се викало министерство за култура и туризам по примерот на најразвиените светски дестинации, односно најразвиените држави во светот кои што се занимаваат со туризам, за да може да се стави целосен фокус на развојот на туризмот. Тоа е нашето основно ветување во следниот период. Ќе направиме многу за Дојран, многу испуштени прилики имаше изминатиот период кои што ќе ги поправиме. Она кое што нема да го дозволиме е приватизација на водата, знаете дека градоначалникот на Дојран сакаше да ја приватизира водата, знаете дека луѓето се кренаа не референдум и не го дозволија тоа. остануваме цврсто посветени на тоа ветување дека нема да дозволиме приватизација на водата, истакна тој.
Николоски го повика Заев на ТВ дуел.
-Ќе ми дозволите оттука од Дојран, слушнав дека пред мене тука бил и мојот против кандидат во четвртата изборна единица Зоран Заев, јавно да го повикам од Дојран да излеземе овие денови на ТВ дуел за да ги соочиме нашите аргументи во однос на четвртата изборна единица, да слушнат граѓаните кој што направил, а што не направил за четвртата изборна единица, а во исто време да ги слушнат нашите идеи, концепти и програма како би можеле на најдобар начин да се претставиме, но и да се соочиме еден со друг, за да можат граѓаните да изберат. Значи, јавно од Дојран го повикувам Зоран Заев на ТВ дуел на кој што ќе можеме да ги спротивставиме нашите програми и концепти за граѓаните јасно да можат да направат разлика и да дадат поддршка на Коалицијата за обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и бројот 14, вели Николоски.