Во изминатото деноноќие во Прилеп дијагностицирани се нови 8 случаи со коронавирус, со што бројката се искачи на 46 заболени лица.
Денеска во просториите на општина Прилеп се одржа прес конференција, а директорката на Центарот за јавно здравје истакна дека прилепчани не ги почитуваат мерките.
“Oва кажува дека не се почитуваат мерките кои што сметам дека и на ова ниво се доволно ригорозни. Станува збор до граѓаните, треба да се почитуваат мерките, построги од овие, следна мерка е карантин на градот”, истакна на денешната прес конференција во Општина Прилеп директорката на Центарот за јавно здравје – Прилеп, Драгица Николоска.