Николовски: Ќе направиме се Договорот од Преспа да не дојде до финале

Во емисијата „Само вистина“ вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека партијата не се согласува со преспанскиот договор и дека ќе направи се тој да не дојде до неговото финале.

-Ние Ќе направиве се да се спречи договорот од Преспа да дојде до финале. Имаме аргументи за тоа и се надевам дека ќе успееме се да образложиме во Собранието и со тоа да се премислат и пратенеците. Јас не мислам дека ова е Постојат три грешки при самиот старт за перговорите за дивоворот:

Прво: Премиер на држава да го моли премиерот од Грција заедно да слават Нова година, да се понижува, овој го одби, па падна на грчки градоначалник. А Ципрас си отиде да си слави со пријатели од Србија.

Вториот проблем е напуштање на форматот на Обинетите Нации. Состемот на Обединети Нации секогаш повеќе одговра на мали држави. Ова беше само на штета на Македонија.

Трета е наивното прифаќање на промена на Уставот. Кога на лидерска средба ние како ВМРО-ДПНЕ го молевме Заев да не го прави тоа. Тпој излезе на прес конференција и кажа дека ќе се менува Уставот. После два часа со прес конференција излезе и Грција и отаму: Благодариме многу што вие сте прв премиер на ФИРОМ што дозволил да се промени Уставот.

Кога ќе ги ставиме овие три работи на едно место, јасно ви е зошто имаме ваков договор.

На ова, меѓународните пријатели велат дека доколку вашата Влада се согласува со ова, не можеме ние да бидеме поголеми патриоти, изјави Николовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.