Николовски: “Прилеп е нajyништениот, нajпонижениот и нajoсиромашениот град од СДСМ – Ни треба референдумска поддршка”

„Со такви бандити имаме работа, затоа ни е потребна масовна референдумска излезност на 15 јули“, рече на вчерашната средба со жителите од населбата Рид во Прилеп, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во четворката, Александар Николоски, притоа мислејќи на семејството на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Според него, изминативе три години биле „години на пропаганди, прикаски, вака било, така било. Но, на крај им се врати како бумеранг тоа што за други го зборуваа, кај нив го гледаме. Еве денеска стигнале дотаму коли да нарачуваат да се палат. Семејството на власт нарачувало на кого да му се запали колата во Македонија“.

Николоски оцени дека секојдневно им се приклучувале над десетици илјади граѓани за обнова на Македонија. Тој рече дека не само во Прилеп туку и во цела држава во трите три години колку што се СДСМ на власт се случувало само пустош.

Тој од разговорите што ги имал во Прилеп заклучил дека ни платите се зголемуваат ниту пензиите. „Имаше повисоки плати, но сега ги нема, имаше дневници за работа на терен сега ги нема, имаше подобри услови, а сега ги нема, растеше пензијата на секој шест месеци а сега не расте, младите добиваа поддршка за само вработување а сега ја нема. Па ми се поставува едно логично прашање, каде се парите? Односно, кој ги стопи парите? Одговорот е јасен, семејството, фамилијата на власт, тоа го гледате сите, тоа може да го почувствувате сите“.

Николоски уште додаде: „Нашата опција е Христијан Мицкоски за премиер на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ на власт со најстручниот тим до сега, реформирано, подмладено ВМРО-ДПМНЕ, со најдобрите кадри од Македонија и со најдобрите кадри од дијаспората кои што уште сега ги контактираме и веруваме дека ќе сакат да дојдат за заеднички да ја градиме Македонија“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.