Покрај трите фирми во сопственост на Заеви во Бугарија: „Ориентал Груп“, „Гомасидра“, „Радиша Трејд“ формирани откако Заев е на власт, формирани се уште две нови фирми во последните месеци, изјави на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
-Двете нови компании се сопственост на братучедите на Зоран, Трајче Заев и Бобан Заев, а се основани во Петрич. Новите компании „Медикал 420БГ“ и Фарма „ЕУ БГ“ се со потписот на братучедите Трајче и Бобан Заев, истакна Николовски.